...Темата, која ќе ја разработиме е веројатно, најдобра, во однос на запознавање на новите навивачи на Арсенал со историјата и со личностите кои придонеле за нејзиното остварување....Па затоа, пред одреден временски период, низ литературата, тргнав да барам низа одговори. Сите оние, кои се навивачи, симпатизери и поддржувачи се добродојдени да прочитаат. Ги канам и младите навивачи на Арсенал, пред да осудуваат да клекнат на колена и да покажат респект за тоа што се вика љубов кон еден тим. Токму таков, еден човек во Арсенал е скоро цел живот. Започнувајќи од најраните години на својот живот, Тој е тука, во Лондон.. Апсолутно цел живот.... Можеби, со текот на годините треба да сме му благодарни на еден Јан Рајт, Тиери Анри, Партик Виеира, Дејвид Симан, Арсен Венгер, Роберт Пирес, Фреди Љунберг, Тони Адамс, но има еден човек кој ретко се споменува, а можеби е човек кој вреди да биде спомнат пред сите овие... Роден 1949 година, на 17 март во Белфаст, Северна Ирска, е човек кој го има мојот огромен почит за се што направил за Арсенал ! Се прашувате сигурно кој е тој... Дами и Господа, ни помалку ни повеќе, Патрик Џејмс Рајс, или на „нашки“ речено, Пет Рајс, помошник менаџер на Арсен Венгер...
... Да, сигурно не сте знаеле, дека Пет Рајс севкупно е во Арсенал, колку што се сите играчи од прв тим заедно, толку овој играч/тренер бил во Арсенал. Да ви појаснам. Во тимот дојде на 15 години, во 1964 година, за две години подоцна да почне да тренира со младинскиот состав во 1966 година. Година дена подоцна, тој го забележува и првиот настап за сениорскиот тим на Арсенал, против Барнли во Лига купот на 5 декември 1967 година. Да ! На 5 декември пред едно 45 години, нашиот помошник менаџер го направи првиот настап за Арсенал, и тоа каков. Со победа, од 2-1 за Арсенал. Рајс играше на позиција на десен бек, сегашната на Сања, и беше доста успешен. Во првите три сезони, тој вкупно забележа само 16 настапи како стартер во Арсенал и притоа пропуштајќи го финалето на Интер Континенталниот Куп, кој Арсенал го освои во 1970-та година, против Андерлехт. Исто така, наредната година, 1968, во септември го забележува и првиот настап за репрезентацијата на Северна Ирска, против Израел. Поради фактот дека на Питер Стореј, му било загарантирано место во првите 11-мина, за Рајс немало место во тимот, како десен бек. Се до сезоната 1970/71. Питер се поместува како последен фудбалер од средниот ред и така се отвора местото за Рајс, кое натаму, љубоморно го чува неколку сезони, притоа освојувајќи титули со Арсенал.
...Истата сезона, 1970/71 Арсенал ја освојува двојната круна во Англија, освојувајќи го и ценетиот во Англија, ФА Куп како и Премир Лигата. Исто така, играше и со сезоната 1972, кога Арсенал повторно стигна до финалето во ФА купот. Исто така остана во клубот и во наредните сезони, со што му беше загарантирано местото во тимот. Понатаму, како поминуваа сезоните, голем број од фудбалереите на Арсенал, си заминуваа, кој поради старост, кој поради нови предизвици. Единствен кој не си замина и остана верен на тмот беше Пет Рајс. Се до таа сезона, 1977/78, кога Рајс, како награда за тоа што е во Арсенал ја доби капитенската трака.. Да, Дами и Господа, човекот со наочари, кој седи до Венгер на секој меч, ни бил капитен. Уверен сум, дека половина од тие кои ќе го читате овој блог, тоа не сте го знаеле. Со Рајс, како капитен, Арсенал го победува Манчестер Јунајтед, во финалето на ФА купот во 1979 година, и Рајс таа година го подига трофејот во своите раце на сред Олд Трафорд. Кога, ќе сакате некогаш да критикувате некој, или да омаловажувате, имајте ги на ум некои работи. Ако тоа сакате или сакавте да го правите во овој случај, имајте на ум дека Рајс, кравал пехар сред Олд Трафорд, каков и да бил. Јас не се сеќавам дека тоа му успеало на некој друг играч на Арсенал, како капитен. Исто така, во 1978 и 1980 ги губи финалињата во ФА Куп, исто така како капитен на екипата. Исто така, тој е еден од тројцата фудбалери кои играле во 5 финалиња на ФА Куп ( 1970/71, 1971/72, 1977/78, 1978/79, 1979/80), заедно со Дејвид Симан и Реј Парлоур. Тој беше водич, капитен на тимот на Арсенал, во 1980 година, кога Арсенал стигна до финалето на Купот на УЕФА, кој Арсенал несреќно го загуби на пенали до Валенсија.
...Оствари преку 50 настапи за репрезентацијата на Северна Ирска, а својот последен го одигра против Англија, на Вембли, во поразот од 5-1 за неговата репрезентација... Рајс, го напушти Арсенал, на 31 годишна возраст, отакако одигра 528 натпревари за тимот на „Топџиите“. Тој, го напушти Арсенал за да премине во тимот на Ватфорд, чиј менаџер беше Грем Тејлор. За Ватфорд одигра далеку помалку од она кое го покажа за нас, каде со 137 настапи, во сезоната 1981/82 го бележи својот најголем успех, промовирајќи го клубот во Англиската Прва Лига, сегашна Премиер Лига. Грем Тејлор, беше задоволен од неговиот транфер, а веројатно тоа се должеше, на тоа дека годините го одминуваа, и поради големото пријателство со Грем. Сигурно, не сте знаеле, дека во моментите кога ја освои и титулата во Втората Лига со Ватфорд, Рајс, беше капитен на тимот. Рајс, прв пат погоди, во сезоната 1982/83 против Евертон, а сезона подоцна во 1984 година, да се повлечи од фудбалот. Сигурен сум дека, барем, кај некои од вас, колку толку после ова, ќе имаат поголема почит кон една од легендите на клубот. Е за него, не можам да кажам некој лош збор. Апсолутно се смена се, во тимот, но, Дами и Господа, Пет Рајс засекогаш остана во Арсенал. Зарем не заслужува поддршка од нас, макар и со пишување на овој блог.. Сигурен сум дека вреди, тоа што го пишувам и барам низ книги, мрежи и сл. ако со тоа знам, дека барем некако, фановите на Арсенал ќе ги направам уште поблиски со клубот...
... Завршувајќи со неговата завидна играчка кариера, благовремено тој ја започнува и тренерската кариера. Рајс, ја заврши кариерата, во 1984 година, и истата година, се приклучи кон Арсенал. Токму заради тоа и ја заврши. Знаеше дека како играч не можеше да се врати во Арсенал на 35 години, но затоа како тренер на младинска категорија, и тоа како. Затоа во 84 се врати на тоа место, каде остана цели 12 години, притоа освојувајќи два ФА купови за млади во 87/88 и 93/94. Овој изгледа бил специјалист за ФА Куп. Шала ! Во септември 1996 година, тој застана на највисокото место во тимот, прв менаџер на Арсенал, по оставката на Стјуарт Хјустон и заминувањето на Брус Риоч. Тој, ја водеше екипата на 3 Премиер Лигашки мечеви, и притоа забележувајќи три победи, и пораз од Борусија Менхен Гладбах во УЕФА купот, од 3-2 на Хајбери. По доаѓањето на Арсен Венгер на менаџерското место во тимот, Пет Рајс, стана негов асистент, и оттогаш играше клучна улога во успесите на тимот, во 90-те и во годините од новиот милениум, притоа освојувајќи ги двојните круни во 97/98, 01/02 и сезоната на непобедливите, во 2003/04. Тој, заедно со Боб Вилсон, учествуваше во освојување на три тројни круни, и како менаџер и како играч. Зарем, треба да се говори повеќе, ако имаме ваква легенда во тимот ?! Пет Рајс, го има мојот голем респект за се што направил во и за Арсенал, ја има почитта од сите други на стадионот и ширум Лондон, а се надевам дека сега ја има и почитта од оние кои ја немаше...
...Пет Рајс претставува една жива фудбалска икона, за Арсенал, во рангот на Тиери Анри... Пет Рајс, можеби, не беше напагач, можеби не даваше голови, но едно е сигурно. Човек, кој толку многу го сака Арсенал, заслужува да има барем еден мал дел во срцата на сите „Топџии“... Го има кај мене...
... Биди ми здрав, жив и долговечен, Пет... Клекнувам на колена и ти оддавам почит за се што направи за нас. Немав никогаш прилика да ти се заблагодарам, но еве, сега Ти благодарам за се што стори за нас...
....Пет Рајс, нашата жива легенда !
No comments:
Post a Comment