После, долго време, или малце подолго, одиме со нов блог, кој верувам можеби нема да им се допадне на многумина навивачи на нашиот Арсенал, но секогаш имам во план таа анализа/објава/блог да биде што е можно пообјективен и посфатлив за сите. Затоа решив да направам еден осврт на настаните од лани, и да ги споредам со овие сега во тековната сезона. Би започнал вака...
... Пред нас е еден одложен меч (со Стоук Сити, дома), кој доколку го победиме, би се приближиме на Јунајтед, на бод, макар и на неколку дена. Да напоменеме дека играме реванш меч во 5то коло на Фа купот против третолигашот Лејтон Ориент, и исто така дека играме реванш меч против Барселона и тоа на Камп Ноу. Веројатно, знаете дека недела играме финале на Карлинг куп, против непредвидливите Бирмингем. Сезонава, можеби, малкумина гледаат дека имаме напредок во играта, иако знаевме во неколку наврати од готово да направиме вересија, или поинаку кажано, од добиен да „изгубиме“ меч или бодови од тој меч. Еве сме, и на 22.02,2011 година имаме четири бода помалку од лидерот Манчестер Јунајтед и двата тима имаат по еден меч помалку за разлика од третопласираниот тим, Манчестер Сити. Да се потсетиме како беше лани !?
... Овој ист период, лани, имавме 6 бода зад лидерот Челзи и 5 зад второ пласираниот тим на Манчестер Јунајтед. Имавме 6 порази, и штотуку изгубивме кај Порто во Лигата на Шампионите со 2-1. Одпаднавме од сите купови, во англиски рамки, и тоа Фа Куп од Стоук Сити, со 3-1 на нивни терен, и одпаднавме од Манчестер Сити, со 3-0 во Карлинг купот. Пред нас, е реванш мечот со Порто на домашен терен, кој треба да го одиграме за две седмици. Се враќаме во реалноста !?
Ете сме... После тоа фамозно 27 коло, и после тој фамозен февруари, во кој сме сеуште, пред нас е уште 60% од сезоната. Како тоа 60%, кога имаме уште 10 кола до крај !? Драги мои, секогаш завршницата нас ни е тешка. Зошто !? Да се потсетиме ...
...Можи !? Лани игравме вака, како оваа сезона, топло ладно. Од 27то коло па натаму, ги победивме Ливерпул, Сандерленд, Стоук, Барнли, Хул, Вест Хем, и при тоа обезбедивме пласман понатаму во ЛШ, победувајќи го Порто, со феноменална игра со 5-0, во реваншот на Емирати. Се беше сјајно, и се одеше во добар пат, дојдовме на минус 2 во однос на првиот Јунајтед, и добивме меч со Барселона во ЛШ. Супер, можевме да се докажеме. За жал, згрешивме. Три дена пред мечот со Барселона на Емирати игравме во ПЛ, и изигравме 1-1, со Бирмингем во гости, и потоа бевме на раб на пораз на Емирати од Барселона во меч кој заврши 2-2. Преболевме. Си мислевме. Но, Бендтнер ни ги одржа надежите во игра, со гол во 89 минута на мечот со Вулвс и уште малце, чекор со водечките. Ноу Камп. Среда. 20 45. Едно име. Еден Бог. Лео Меси. Сезоната заврши за нас во ЛШ. Три дена покасно, заврши и ПЛ, Тотенхем ги докрајчи нашите надежи за титула во ПЛ. Следуваше пораз од Виган, нерешено со Сити на Емирати, пораз од Блекбурн и за крај победа над Фулам. Ветувачката сезона за Нас, заврши катастрофално. Се враќаме во сегашноста,
која вика дека Арсенал е аутсајдер со Барселона, но дека е фаворит со Лејтон и со Бирмингем и дека е во добра позиција за трката во Премиер Лигата. Ако ова што е погоре, опишано, ни се случувало лани, зошто едноставно не не отпишат од трката за титулата !? Мене не ми е јасно. Да ви објаснам малце, како викат неутралците. „Арсенал се поискусни, подобри и ментално појаки“ - Јас одма ги побивам дека можеби и се сето тоа што е наборојано, но по поразите од ВБА, Тотенхем, Њукасал јас не гледам ментална јачина. Друг неутралец вика: „Нема теорија да ја победите Барселона на Камп Ноу“ - Јас викам, Има ! Зошто го викам тоа !? Не можам да си објаснам. Феноменот наречен Арсенал, продолжува да останува феномен кој за мене е нејасен. Еве, да земеме вака, до крај на сезоната во ПЛ, го пречекуваме Јунајтед, Ливерпул и од потешките мечеви, би го издвоил тој на гости кај Тотенхем. Сите други се ривали кои мора да се совладаат и повеќето се во долниот дел на табелата, со чест на 1-2 исклучоци. И евенутален пораз и одпаѓање од Барселона, не би требало да значат крај на светот за Арсенал. Но, повторно едно но, неколку дена покасно играме со Јунајтед на друг фронт (ФА Куп), и недела дена покасно, играме со ВБА, на Хауторнс, тим кој не победи на Емирати. Целта и поената ми е, дека каде сме и што сме, ке можеме да знаеме после тој 19 март 2011 година, кога веќе ќе бидеме на една рака, кола до крајот на сезоната во ПЛ, можеби со пласман во ЛШ, за кој шансите се 50-50, и можеби со освоен трофеј од Карлинг и со меч во ФА купот. Ако успееме да дојдеме до ова, јас би се убедил дека сезоната е наша. Но, насловот на статијата е „Историјата се повторува“ !? Јас не би знаел да го кажам тоа, но момците на Венгер се надевам дека ке го докажат спротивното и дека сезонава ќе имаме нова историја... Историја за паметење..
...На трето прашање од неутралец „Што смена Арсенал од лани“? - Јас велам, ништо ! Но, доби многу. Го имаме Ван Перси, кој лани го немавме, го имаме во животна форма Насри, кој лани го немавме, го имаме Фабрегас, здрав и без честите повреди како лани, го имаме Сонг, поискусен од лани, го имаме чудото од дете, Вилшер, го имаме Лорен назад со Џуру, го имаме Шчезни на гол. Единствено го немаме Вермален. И сега следува еден дел, кој морам да го напишам...
...Повторно неискусни, повторно уигрување, и повторно Арсенал ја плаќа цената на политиката на Венгер. Ова веројатно ке биде еден од можните наслови на весниците за месец дена. Но, и колку да не ми се допаѓа оваа реченица, веќе 4 години ја читаме и живееме со неа. Но, замислете ја оваа реченица, пак, која би била вака Децата на Венгер го освоија Светот – после настапот на Светското клупско првенство. Веројатно сите тежнееме кон ова второто, но токму овие „деца“ кои за „жал/среќа“ веќе пораснаа и Венгер не може да се вади на нив, се она кое нас не прават горди. Убедени сме дека сме тим за високи дострели, ни фали само филот на тортата, и ни фали јаготката, таму негде во Јануари наредната година. Арсенал, може и мора да докаже дека е тоа што е уште на 08 март, замолчувајќи го Камп Ноу, и при тоа Европа, отворајќи си ги вратите понатаму за високи дострели. После средината на март, Арсенал ќе ни докаже дека може да биде она што сите ние сакаме. Јас верувам во Арсен Венгер, верувам во тимот и верувам дека можеме. Заедно.
No comments:
Post a Comment