http://www.arsenal.com/home

Tuesday, September 7, 2010

Анализа на работата на Венгер, интервјуа, стручни мислења, извадоци од биографијата "The Professor"

... Пред неполн месец, рековме дека ке зборуваме за Арсен Венгер, најуспешниот менаџер во историјата на Арсенал и еден од најуспешните и најдобрите менаџери во Англија и Светот. Сите сме сведоци на фрустрации во последните години, поради тоа што немаме трофеи, освен оној кој 2005 беше освоен во ФА купот... Но многумина се прашуваат дали Арсенал заборавил да освојува трофеи ? Дали Венгер е тој кој не знае да го продолжи она кое го започна ? Дали играњето со млади играчи, е оправдание за немањето успеси ? Хммм...многумина од Вас ќе сакаат да прочитаат одговори за ова. Јас сум убеден во она што го пишувам и знам дека ќе бидам доживотен поддржувач на Арсен Венгер. Во следниот пост, ќе прочитате, некои работи, вистини, принципи за работата на Арсен Венгер... Почнуваме...

... „ Сите веруваа дека порано или подоцна во Англија ќе се пробие некој менаџер надвор од Островот и ќе оствари успех, дотогаш невиден. Арсен Венгер дојде во Арсенал и го оствари токму тоа! Еден редовен состанок на акционерите на Арсенал беше поинаков од другите. Тензијата беше голема, бидејќи клубот штотуку го напушти дотогашниот менаџер Брус Риоч. На дневен ред дојде темата за менаџер на тимот. Откако акционерите се испокараа меѓусебно за тоа кој бил, а кој не бил во право што бил доведен, а потоа и отпуштен Брус Риоч, претседателот Питер Хил-Вуд мирно ја следеше дискусијата. Откако сите се смирија, сите сакаа да знаат кој ќе биде новиот менаџер. Во медиумите, наголемо се шпекулираше дека ќе дојде некој Французин кој моментално работи во Јапонија. Сепак, претседателот на сакаше да го каже името, бидејќи договорот сеуште не бил официјализиран. Рече:„Не би било фер да го откријам името“! Неколку минути подоцна следуваше прашање на еден од акционерите:„За кого не би било фер ?“, а претседателот одговори: „ Па не би било фер за клубот и за Венгер“! И тогаш, громогласна смеа во салата.Тој момент беше Нов почеток на Арсенал. Победникот доаѓа на чело на Арсенал. Неговата мисија започнува...

... Венгер го „проби мразот“ со тоа што стана првиот Француски тренер во историјата кој дошол на чело на еден клуб во Англија. Неговиот прв официјален работен ден беше 30 септември 1996, а првата плата му изнесувала 2 милиони фунти за 3 години, 3 пати помала од онаа која во тој момент ја земал во Јапонија. Уште првиот ден, Венгер го помина со гледање на видеоснимки на натпревари на Арсенал. Посебно внимание обрна на натпреварот со неговата прва љубов, Борусија Менхенгладбах, кој го водеше Пет Рајс. „ Првиот впечаток ми е дека фудбалерите се свесни за тоа што ги чека во Германија и се способни да го совладаат предизвикот. На првиот натпревар немавме среќа, па можеби ќе имаме на вториот. Ќе повторам дека сеуште не сакам да седнам на клупата. Пет повторно ќе го води клубот и ако ме праша за совет јас ќе му помогнам, но сега тој е главен и тој ги носи одлуките“. Чудно е што првиот натпревар кој Арсенал го играше откако дојде Венгер на чело е токму против неговиот поранешен клуб, Борусија Менхенгладбах. Франзуционот, беше тренер на Борусија пред да замине во Јапонија, и овој тим ја играше играта кој тој ја создаде: креативно, со многу додавања и со акцент на брзите контри. Венгер беше пречакан од преполниот олимписки стадион во Минхен со преку 80 000 гледачи. Фасцинантно... Ќе пробам да цитирам еден дел од биогаријата на Дејвид Симан, кој вика : „Во ред, од сега па натаму ќе работиме на мој начин. Јас ќе ви покажам како ќе ги водам тренинзите и како тренираме и очекувам вие да го почитувате тоа и да работиме на мој начин. Кој нема да може да работи така, ќе мора да го напушти тимот. Ќе ви кажам што и како да јадите и како да се грижите за вашето здравје“ - Ова е всушност едноставна верзија на она што се случило. Тој исто така сакал да се тренира и во попладневните часови, но бил одбиен од фудбалерите, бидејќи неговиот авторитет бил на ниско ниво, но затоа ги продолжил утринските тренинзи. После тоа, првотото засилување кое го донесол бил.... Хмммм ? Ќе погодите, ли ? Не ! Тоа бил професионален масер. „ Сакам фудбалерите да имаат долги масажи и да лежат во топла када по тренинзите и натпреварите тоа делува добро на нивните тела, но и психолошки, рече Венгер. Подоцна, 6 месеци по работата, тоа било оправдано. Арсенал станаа најбрзи, кондициски најподготвени, како и најиздржливи во Премиер Лигата. Првата ѕвезда во тимот тогаш Денис Беркамп, но и Дејвид Симан, рекоа: „ Овој човек ми изгледа како доста самоуверен и препотентен. Не верувам дека ќе успееме во неговите замисли“...

... Но, ретко кој веруваше дека веќе во првата целосна сезона како менаџер на Арсенал, Арсен Венгер ќе успее да го трансформира тимот и да ја освои двојната круна, и тоа пред дотогаш најдобриот тим, Манчестер Јунајтед. Првиот пораз на Сер Алекс беше тука... Но, само започнавме... По неверојатниот успех и двојната круна, Арсен Венгер ги освојува симпатиите на сите во Арсенал: од акционерите, преку фудбалерите па се до оние најважните, фановите. Венгер го „бетонира“ своето место на клупата и во историјата на клубот. Ќе пробам да ви цитирам една мисла која е можеби најдоброто нешто до сега. „Некаде околу 11 часот наутро сите акционери беа собрани во Салата за конференции на Хајбери и пред нив имаше една необична слика, кога се во прашање ваквите собири. На бината седум трофеи, Премиер Лигата, ФА купот и Черити Шилд купот, кој Венгер го освои пред почетокот на сезоната, победувајќи го Јунајтед со 3-0 и четири други трофеи од младинските и женските тимови.( Ова беше извадок од неговата биографија) Арсен Венгер во првата сезона на чело на Арсенал освои тројна круна. До ден денес, 20 август 2010, тоа не му успеало на никој во Англија, а верувам и пошироко. Еден од многуте аргументи за кои знаеме е токму тоа. Венгер, секогаш го водел тимот со љубов и срце, и затоа јас навивам за Арсенал. Да, сега сум убеден. Почнам да навивам за Арсенал, заради фудбалот на Венгер, кој игра најдопадлив фудбал на светот. Ако, беше некој друг на чело на Арсенал, не знам дали би навивал за овој тим. Па, кога ќе ме праша некој зошто навивам за Арсенал ?! Јас му одговарам, одма, како од пушка, заради Венгер.

... Полека, но сигурно знаеме што се случувало со текот на годините, подоцна следуваше титула, каде предводник беше Тиери Анри, па се до она кое го нарекуваме историја. Историската сезона, каде завршуваме без пораз и ја освоиме титулата во Премиер Лигата. Така започна и наредната сезона, но доколку не беше Мајк Дин, можеби и така ќе продолжевме. Овој пат, битката ја доби Сер Алекс. Работите тргаат надолу. После осовјување на 3 Премиер Лигашки Титули, после освојување на 3 ФА купа и после освојување на 4 Черити Шилд титули, како и после играње во најголемите финалиња на Лига на Шампиони и Куп на УЕФА, во Арсенал започнува една нова ера. Ера предводена од нови момци, Ера предводена од Венгер, Ера предводена на нов ултра модеред стадион, Ера која се уште трае, и трае... За жал, веќе 5 години безуспешно. Ве воведов во успесите на Венгер, сега одиме во оној дел кој поголем дел од Вас, не го сакаат.. Во време на големи пари и продавање на тимови, Арсенал е единствениот голем клуб, кој не е продаден и кој нема доминантен сопственик, туку е акционерско друштво. Тактиката на Арсен Венгер да доведува млади играчи и од нив да прави ѕвезди успева, бидеќи нивната цена на пазарот моментално е и до 100 пати повисока од она за која се донесени. Од таа генерација на „Непобедливи“ остана само Фабрегас... Точно тој, Францес Фабрегас, кој моментално е прва ѕвезда ви тимот... Капитен... Многумина го обвинуваа Венгер дека Лигата на Шампиони е еден вид на проклетство за Арсенал. Но, Арсенал стигна и дотаму, но за жал ја немаше среќата на Јунајтед кој со голови од 92 и 94 успеа да го освои трофејот. Еве едно интервју со Венгер, направено пред неколку години. Повторно во завршницата од Лигата на Шампионите Арсенал не е меѓу фаворитите. Вашиот коментар за тоа ? Според мене, во Лигата на Шампионите многу ретко се случува фаворитот да триумфира на крајот. Затоа не сме премногу загрижени што не не вбројуваат меѓу најсериозните кандидати за титулата. Реал Мадрид или Јувентус, кој ќе се пласира во четвртфиналето ? Ова е убедливо најнеизвесен дуел. Реал Мадрид игра одлично под водство на Вандерли Луксембурго, но Јуве секогаш игра цврст фудбал. Шансите се 50-50 според мене. Што направи Луксембурго за Реал повторно да победува ? Во Реал Мадирд има огромен број на квалитетни фудбалери. Проблемот беше во тоа што тие ја имаа изгубено самодовербата, а Луксембурго им помогна да ја надминат кризата. Дали е вистина дека имавте понуда да заминете во Реал, неколку пати побогата од онаа во Арсенал, но ја одбивте ? Па видете, сон на секој менаџер е да биде тренер на Реал Мадрид, но не и мој, Јас сум сконцентриран на моите момци и мојот Арсенал и единствено нешто кое може да ме оттргни од тука, е моето здравје.Што е со Арсенал, играте одличен фудбал но никако не успевате да стигнете блиску до трофеј во ЛШ? Навистина не можам да сватам во што е проблемот. Играме одлично во домашното првенство, но кога ќе дојде време за ЛШ, никако не успеваме да се вратиме во нормала. Тогаш многу работи не функционираат како што треба, но сигурен сум дека наредната сезона ке покажеме што знаеме. Можеби наредната сезона, која ќе биде последна сезона за оваа генерација. И така беше. Венгер го исполни ветувањето, но ќе признаете дека среќата не бепа на наша страна на тој меч. Но, тоа е тоа...

...Сето она кое ме натера да го правам овој блог е инспириран пред се од следните два текста напишани за странски весници. Првиот е напишан во октомври 2007 година. Следи..

„Големиот план на Венгер“

Не само што се на чело на Премиер Лигата, Арсенал стана најпрофитабилниот клуб во Англија и втор на планетава, веднаш зад Реал Мадрид. Резултатскиот и финансискиот успех се соединија, Арсенал е рамо до рамо со најголемите во Европа.
Изминативе три години, по крајот на доминацијата на Арсенал во Премиер Лигата, имаше две дијаметрално спротивни мислења за иднината на овој клуб. Во едниот табор беа оние кои не предвидуваа светла иднина, со оглед на големите финансиски задолжувања поради изградбата на новиот стадион и заминувањето на најдобрите фудбалери од година во година. По ззаминувањето на Виеира, Арсенал успеа да остане „на нозе“, но веќе со траснферот на Анри во Барселона и скромниот буџет со кој располага Венгер ова лето, многумина го гледаат крајот на „златната“ ера на клубот од Северен Лондон.

Успешна втората револуција на Венгер – Се случи соссема спротивното- она во кое веруваа само Венгер, раководството на клубот и најверните фанови. Стратегијата на францускиот, „мозокот“ на Арсенал, се покажа исто толку успешна и како стратегијата на раководството на тимот. Сезонава, конечно на дело го гледаме резултатот од трансфер политиката на Венгер, и тоа по втор пат во последнава деценија. Бројот на фудбалери од т.н. „златна“ генерација која освои три премиерлигашки титули, од година во година се намалуваше, а наместо адекватни замени Венгер секое лето носеше млади, недокажани, но според него талентирани играчи. По последната титула во 2004, како што заминуваа Виеира, Љунгберг, Пирес, Кемпбел, па на крајот и Анри, така се градеше новиот и подмладен Арсенал. Младите фудбалери кои Венгер одма „ги фрлаше во оган“ добија драгоцено искуство и оваа сезона конечно го резултираат својот потенцијал. Венгер остана доследен на својот „голем план“, како што го нарекуваше, иако од сите страни доаѓаа критики

Од „лузери“ до победници – Се изгледаше црно за Арсенал, пред само неколку месеци. Најпрво, клубот го напушти Тиери Анри, со што почнаа шпекулациите за конечно заминување на Венгер. Неколку месеци подоцна, долгогодишниот потпреседател Дејвид Дин, поднесе оставка и го напушти клубот, продавајќи ги и своите акции. Дин, заедно со Венгер беа клучните луѓе во револуцијата на клубот од Лондон и заедно ги влечеа сите позначајни потези на трансфер пазарот. Поради изградбата на Емирати стадионот, Венгер имаше ограничен буџет, речиси никаков. Многу нешта насочуваа дека тековната ќе биде последна за Венгер во Арсенал. Но, од стартот на Премиер Лигата, па навака се случи „бум“! Фудбалерите кои Венгер ги „печеше“ минативе три годии конечно се воиграа, а Арсенал не само што се наоѓа на чело на Премиер Лигата, туку го игра и најдопадливиот фудбал во Англија. Како шлаг на тортата дојде и финансискиот извештај за сезоната 2006/07, според кој Арсенал заработил преку 200 милиони фунти. Со тоа, Арсенал стана најпрофитабилен тим во Англија, дури пред Јунајтед, и втор на планетава, зад големиот Реал Мадрид. Тимот на Венгер игра во животна форма, а ако се земе предвид дека му се ветени 80 милиони фунти за засилувања, јасно е дека, иднината на Арсенал е доста светла.

Ризикот се исплатеше – Раководството на клубот го пресмета ризикот од задолжување за изградбата на новиот стадион. Во Англија, најголем дел од заработката доаѓа од т.н. Matchday profit или во превод профит на денот на натпреварот. На секој натпревар одигран на Емирати минатата сезона, клубот заработуваше во просек по 3.1 милиони фунти, што е за преку 100% од она на Хајбери. Тука лежи и основата на рапидното зголемување на заработувачката. Чистиот профит од измината сезона, не сметајќи ги трансферите изнесуваше 51.2 милиони фунти, повеќе дури и од Реал Мадрид, во измината сезона. За Арсенал, оваа сума претставува пораст за 274% (!!!) во однос на мината сезона.

Магијата на Арсен Венгер – Има доста случаи во историјата на фудбалот кога фудбалерите ги менувале своите позиции на теренот, но она што го прави Венгер во изминатите 10 години е чиста фудбалска магија. Тој ја поседува единствената способност да претвори фудбалер од средниот ред во напаѓач или обратно. Последен пример е преместувањето на Џилберто Силва од поофанзивната улога во средниот ред на одбраната. Од друга страна, Емануел Ебуе и Абу Диаби од цвртси бекови, станаа едни од главните оружја во нападот. По заминувањето на Рејес, Фреди и Пирес се овтори доста простор по левата и десната страна во нападот на Арсенал, и Ебуе сега има улога иста како онаа на Кафу од Милан и е дел од секој напад на „топџиите“. Томас Росицки и Александер Хлеб пристигнаа како фудбалери од централниот дел на теренот, но со доаѓањето во Арсенал станаа класични крила, нешто слично како Пирес и Фреди од поодамна. Веќе е познато дека Анри беше крилен играч во Јувентус, но со доагањето во Арсенал стана жива фудбалска икона, постигнувајќи најповеќе голови во историјата на Арсенал. Сето ова зборува и јасно укажува дека покрај неверојтаното чувство за препознавање на млади таленти, Венгер ја има способноста за секој да го најде правилното место во системот на игра и да го материјализира целиот потенцијал на фудбалерот. Со ваков менаџер и продолжување на успешната финансиска работа на раководството, Арсенал е на добар пат да влезе во најтесниот круг на елитни клубови како Манчестер Јунајтед, Барселона, Реал Мадрид.


Ова е вториот „дел“ да го наречам од таа сезона, кога бевме толку блиску, а воедно и толку далеку.. Интервјуто е направено на крајот на 2007 година, кога Арсенал се наоѓаше на чело на табелата... Следи

„Успехот не се купува со пари“

Фактот што Арсенал и по скоро половина година се наоѓа на врвот на Премиер Лигата за нас беше доволно да ви го пренесеме интервјуто со „мозокот“ на тимот, менаџерот Арсен Венгер. Венгер зборува за заминувањето на Анри, Жозе Мурињо, „купувањето“ на титулата со пари, најголемите успеси, очекувањата од новата сезона... Интервјуто е правено од страна на еден од најопопуларните магазини во Велика Британија – Four four two, а најголемиот дел од прашањата кои му се поставени на Венгер, потекнуваат од најголемите фудбалски фанови, а оговорите на една личност како Венгер, се разбира, се интересни...Почнуваме

Дали се сеќавате кој е првиот фудбалски натпревар кој сте го гледале ?

Секако, тоа беше во моето село Дутленхајм(на Француско-Германската граница). Локалниот тим се подготвуваше да игра натпревар, а фудбалерите и тренерот секогаш се собираа во гостилницата на моите родители и таму се дискутираше за тоа кој би бил избран за игра за првиот тим. Значи, уште од тогаш сум имал контакт со тренерска работа. За фудбалот знам од кога знам да одам и тогаш мислев дека е најважна работа во светот. И сега, моето мислење не е многу променето. Мојот прв фудбалски идол беше Пеле. Сите зборуваа за него, а бидејќи не можевме да го гледаме на телевизија, мистеријата околу него беше уште поголема. Подоцна, мој прв идол беше Бекенбауер.

Вие сте паметен и образован човек, па што ве натера да се решите за фудбалот за ваѓа професија, а не нешто друго ?

На училиште работев многу напорно и бев еден од најдобрите ученици. Но, уште тогаш знаев дека ако имам можност да работам со фудбалот, веднаш ќе ја прифатев. Моите родители беа тие што тешко го прифаќаја фактот дека толку напор постветувам на училиштето, а сепак сакам да бидам со фудбалот. Во тоа време, фудбалот не беше профеисја за сериозни луѓе, па ми беше тешко да ги убедам, но сепак успеав да изградам една пристојна кариера.

Каков бевте како фудбалер ? Дали сметате дека бевте добар фудбалер ?

Не бев меѓу најдобрите, не бев интернационалец, но играв на највисоко ниво во Франција, а со Стразбур ја освоивме и Лигата во 1979 година, а јас бев во составот на годината во Франција. Јас секогаш се прашувам каков фудбалер ќе бев доколку го имав условите кои ги имаат денешните фудбалери ?! Не би можел да кажам нешто повеќе за себе, само тоа дека најпрво играв како напаѓач, па фудбалер од средината и на крајот завршив како централен дефанзивец. Би рекол дека бев доста сестран фудбалер.

Дали бевте еден од оние фудбалери што секогаш знаеја дека ќе завршат како тренери и дали уште како фудбалер се обидувавте да го научите „занаетот“ ?

Не би рекол дека планирав да бидам тренер. Едноставно, сакав да останам во фудбалот, но тогаш не знаев колку би бил добар како тренер. Мислам дека клучна улога во мојата успешност имаше периодот кога работев во Стразбур. Некогаш возев и по 600 милји, за да погледам некој фудбалер, ќе дојдам пред самиот почеток на натпреварот кој се игра на дожд, ќе накиснам и веднаш по натпреварот возам уште 600 милји за до дома. Она што ретко кој го знае е дека јас во Стразбур бев тренер, скаут, физиотерапевт, капитен... Тоа беше фантастична тренерска едукација.

Дали Вие, Свен, Мурињо, Сер Алекс... имате предност пред останатите менаџери со тоа што не сте биле познати фудбалери ?

Сигурно, бидејќи доколку сте фрустрирани од играчката кариера, би имале поголеми мотиви да се докажете како тренер. Јас, лично, сметам дека не бев доволно ценет како фудбалер, па секогаш ми било страв дека ке останам заборавен и тоа ме натерало да работам понапорно како менаџер.

Дали ви пречеше тоа што кога дојдовте во Англија, и покрај вашите предходни успеси, никој не знаеше кој е Арсен Венгер. Тогаш во медиумите имаше наслови како „Арсен, кој ?!?!“ ?

Јас не бев изненаден од тоа што јавноста не знаеше кој сум, но навистина непријатно се изненадив што многу луѓе во фудбалот не го знае тоа. Па, јас го однесов Монако до финалето на Купот на победниците на куповите 1992, а претходно ја освоив титулата во Франција и на три пати триумфирав во купот на Франција. Сепак, морам да кажам дека и во некоја мерка тоа и ми годеше, бидејќи очекувањата од мене беа помали.

Низ кариерата се докажавте како брилијантен во подобрувањето на индивидуалните способности на фудбалерите. Што точно правите со фудбалеирте? Дали е доволно само да ги ставите на нова позиција?

Јас верувам дека еден фудбалер може да се развие правилно и да го постигне максимумот е само доколку игра на својата вистинска позиција. Затоа, ги анализирам сите фудбалери психолошки и психофизички, ги анализирам сите добри и лоши страни и на крај одлучувам на која позиција би играле најдобро. Им давам шанса на таа позиција и многу често сум во право – фудбалерите се подобруваат. Нема некоја посебна тајна. Верувам дека сум имал голема улога во промената на кариерите на многу фудбалери и горд сум што покрај мене се развиле фудбалери како Турам, Пети, Виеира и Анри. Сепак, најмногу се гордеам со она што го направив со Жорж Веа. Кога Веа дојде од Африка во Монако, сите ми се смееа, мене и на него. Но, неколку години подоцна, тој беше прогласен за најдобар фудбалер на планетава. Тогаш, никој не се смееше. Во оваа работа треба да бидете психолошки зрел, и да почекате некоја година, за да ги берете плодовите.


Позната е вашата голема успешност на трансфер-пазарот, но дали има некои фудбалери кои сте имале можност да ги купите, но не сте ја искористиле, а подоцна станале големи играчи ?


Секако, сите правиме грешки. Најмногу се каам што сум го пропуштил Клод Макелеле и Самуел Ето, но сум пропуштил и многу други кои подоцна изградиле соодвтена кариера како Фабрис Муамба, Стив Сидвел и Себастијан Ларсон. Сепак, во дадениот момент сум одлучил дека тие фудбалери нема да му помогнат на тимот и сум донел одлука да не ги купам.

Кој фудбалер од Премиер лигата најмногу би сакале да го имате во Арсенал во моментов ?

Во текот на мојата кариера има многумина кои сум ги посакувал, но не сме можеле да ги доевдеме,а а баш во моментов можам да кажам дека сум презадоволен од тимот кој го имам. Сега сме на чело од табелата и апсолутно ниту еден фудбалер не ни треба, ниту од ПЛ, ниту од некое друго место.

Според тебе, кој е најголемиот успех со Арсенал? Дали имате уште нешто што сакате да постигнете ?

Најмногу сакам кога не губиме натпревари. Па би рекол дека најдраго постигнување ми е сезоната 2003/04 кога не загубивме ниту еден натпревар. Огромно е задоволството кога цела сезона нема да доживеете пораз без разлика на натпреварите кои ги одигравме. Одиме да играме против Њукасал, во октомври, во Портсмут во ноември, сакам да дадам само пример, играте во некоја мрачна, врнежлива ноќ и се што се случува оди против вас. И покрај тоа, вие не го губите натпреварот. Тоа е прекрасно, моќно чувство.

Вие секогаш преферирате напаѓачки фудбал и ги критикувате тимовите кои се ориентираат на бранење на резултатот. Зашто тогаш игравте крајно дефанзивно против Манчестер Јунајтед во финалето на ФА купот ?

Не би рекол дека игравме дефанзивно. Манчестер едноставно доминираше над нас во тој натпревар. Беа повеќе гладни за победа, а моите фудбалери како да не сакаа да го освојат трофејот. Игравме и без Тиери Анри и тоа беше единствената можна формација, која можев да ја извадам на теренот. Сепак, фудбалот е таков, што и покрај лошиот ден што го имавме, успеавме на крајот да победиме. Не ми се веруваше. Бев пресреќен.

Дали мислите дека требаше да ги продадете Анри и Виеира една година порано. Сите велат дека е грешка, бидејќи така ќе заработевте повеќе пари...

Не се сложувам дека не заработивме на Виеира. Јас мислам дека добивме одлична понуда од Јувентус. Во тоа време, Виера имапе 29 години, веќе 9 години играше за Арсенал, а од Јувентус му понудија 5 годишен договор. Ние не можевме да парираме на таквата понуда. Што се однесува до Анри, ние се преселивме на новиот стадион и едноставно не знаевме дали ке го наполниме. Ќе беше многу лош сигнал доколку при преселбата на еден нов, поголем и супер-модерен стадион го продадевме нашиот најдобар фудбалер и капитен. Следната година тој ме замоли да го пуштам и јас се согласив. Не можете да се обидувате да задржите фудбалер што веќе 8 години играл во тимот. Да се вратам на суштината на прашањето, главната причина поради која не ги продадовме е тоа што во тој период набрзина заминаа многу влијателни фудбалери како Пирес, Беркамп, Кембел и Кол и моравме да задржиме некој со поголемо искуство.

Дали кога еден менаџер има неограничено многу пари за купување фудбалери, тоа ја уништува играта ? Дали со пари може да се купи успехот ?

Многумина велат дека тоа ја девалвира работата на менаџерот, но јас не се сложувам со тоа – парите можат само да ви ја олеснат работата. Доаѓањето на Роман Абрамович во Челзи јас го гледам како спасување на тимот. Тие беа блиску до банкрот и му се пишуваше истата судбина како на Нотинген, Милвол, Њукасал... И додека тренер беше Раниери, Челзи имаа одличен тим, создаден преку ноќ со помош на парите, но не успеаа да ја освојат титулата. Генерално, мислам дека успехот не може да се купи со пари. Парите помагаат, но морате да бидете добар менаџер и да изградите добар тим за да дојдете до титули.

Искрено, дали пред старот на сезоната очекувавте Арсенал на средината од декември да се наоѓа на чело на табелата ?

Очекував да стартуваме добро, бидејќи чувствував дека овој тим е подготвен. Знаев дека начинот на кој ќе стартуваме ќе биде многу важен, бидејќи ќе влијае доста на самодовербата кај фудбалерите откако не бевме премногу убедливи минатата сезона. Почуствував како фудбалерите да сакаат да се одмаздат на сите за тоа што не ни одеше добро минатата сезона, но да бидам искрен, не знаев колку навистина сме добри. Ниту сега навистина не знам колку е добар овој тим, ќе мора да почекаме да дојде мај и да видиме на кое место ќе завршиме на табелата.

Дали ви олесна што Жозе Мурињо го напушти Челзи, а со тоа и Премиер Лигата ?

Тоа беше огромно изненадување за мене. Се случи само по првиот лош период за тимот, откако тој е дојден во Челзи, а јас мислам со тоа што го стори за овој тим не смееше да си замине. Сепак, јас не ги знаам околностите под кои тој замина. На крај, да одговорам, не ми олесна. Јас сакам конкуренција и мислам дека сезоната ќе беше поинтересна доколу Мурињо останеше.

За крај, Сеп Блатер имаше предлог за воведување квоти за домашни фудбалери во тимовите т.е ограничување на бројот на странците...

Тоа се глупости ! Ѓубре ! Се изнервирав само што се спомнува една таква работа и секогаш ќе се борам фанатично против ваквите идеи.Убавината на спортот, а со тоа и на фудбалот е што победува тој што е најдобар. Единствен критериум мора само да биде квалитетот на спортистот, а не неговата боја на кожата, националност или релиигја. Јас знам дека додека јас сум тренер секогаш ќе играат само најдобрите. Можеш да бидеш син на претседателот, но ако не те бива, нема да играш за Арсенал.


...Во наредниот дел ќе го прочитате еден текст, пресвртницата во таа сезона, направен од еден еминантен новинар, Jeonn Sparkinng, вработен во „Сан“. Можеби, ќе звучи грубо, но еве, и тоа е тука. Насловот на текстот беше:

„Венгер мора да ја смени филозофијата“.


Арсенал се разбуди по преживеаниот кошмар. Остана без место во полуфиналето на ЛШ, а од пред два дена веќе не е ниту во конкуренција за шампионската титула во Премиер Лигата. Тимот нема потреба да го менува менаџерот, но затоа менаџерот мора да ја меснува својата филозофија на игра и однос кон ангажманот на новите имиња. Можеби ќе звучи како охрабрување за Венгер и неговите соработници да трошат повеќе пари од вообичаеното, но евидентно е дека (не)квалитетот на клупата и неискуството му пресудија и оваа година. Факт е дека купува ефтино, но реално, минува и со ефтини резултати.

„Дали Венгер е подготвен за промена на методите“? Ако „бандата“ млади таленти на Венгер сакаат да се борат за трофеите, евидентно е дека мора да се чека малку да „подпораснат“. Ако Венгер не сака под притисок заради уште една сезона без титула да си го сврте гневот на фановите врз себе, мора малку порацинонално да мисли на она што му се случува на тимот. Ставот на сите аналитичари е дека оваа гоида Арсенал остана потенок за по еден класа фудбалер во секоја линија на теренот. Но се поставува прашање, дали Венгер ќе ги промени методите кои досега во најголемиот дел од неговата кариера му носеа успеси ? Прашање е што уште му недостасува на тимот, за оваа година да остане без ниту еден трофеј. Сеск Фабрегас, Емануел Адебајор, Гаел Клиши и Метју Фламини беа лидери на тимот цела сезона. Играа типичен фудбал од школата на Венгер, но за само 5 минути останаа без улогата на конкурент за титула во премиер друптвото. Колку и да се оспоруваат некои нешта во стилот на Венгер, сега за сега, не смее да се помисли дека „топџиите“ ќе се откажат од неговите услуги. Управата едвај се избори да добие „амин“ од Франзуцинот дека останува на Емиратите, па сега и по ваков неуспех нема да придонесе за раководството да го смени ставот. Раководството би добило „колективен инфаркт“ само и при помислата дека Венгер може да си замине. За отказ, не може да стане ни збор. Фановите го обожаваат, но таква беше и ситуацијата и со многу друго менаџери, се додека не го надвисна незадоволството од лошите резултати во сезоните наназад. Своевремено и Улие беше обожуван од фановите на Ливерпул, но замина откако премиерлигашката титула стана „недобитна комбинација“ за „црвените“.

„ Местото на клупата „зацементирано“ “? Уште во февруари извршниот директор Кит Еделман потврди дека Венгер уште осум години ќе остане да работи на Емиратите. И самиот Еделман истакна дека нема никакви проблеми во работата на Венгер, а клубот, во моментов не гледа поголем стручњак од него. За Французинот секогаш ќе има место и во управата на „топџиите“. Ако реши да заврши со тренерската кариера Еделман му вети место во Бордот на директори на Арсенал.

Недостасуваат искусни ѕверки“„ Венгер се гордее со изградувањето на играчите. Тоа е јасно. Оние младите кои се ангажираат скоро без пари, а кои денеска вредат милиони фунти. Сепак, тенкиот состав кој го имаше оваа година, не не убедива дека го направи вистинскиот избор на стартот на сезоната. Ваква грешка едноставно не смее да се повтори и овој летен трансфер период во кој мора да „брцне“ во џебот и да извади некоја милионска понуда за вистинска фудбалска ѕвезда која ќе ја врати големината и сигурноста на „топџиите“.

„Не сум идеалист, сакам да осовјувам трофеи, а сега сум тажен“ Венгер призна дека ја загуби трката со Јунајтед и Челзи, кои се чини имаат недостижна предност пред нив. „Успехот и неуспехот беа блиску оваа сезона. Ќе мора да се помириме со фактот дека остануваме без трофеј. Тешко е да му се погледне на неуспехот во очи, особено затоа што разликата меѓу нас, Јунајтед и Челзи не е голема. Не успеавме, а сметам дека покажавме неверојатни настапи“ - рече Венгер по поразот од Јунајтед на Олд Трафорд. За да ја прикажеме состојбата онака како што била тогаш, еве еден податок. Во првите 26 средби на Арсенал 19 победи, 6 нерешени, 1 пораз. Во последните 8 средби, 1 победа, 5 нерешени, 2 порази. Интервјуто е направено на 15.април.2008.

Еве, грубо земено, дел од тоа што значи Венгер за Арсенал и она што Арсенал значи за Венгер... Во првиот дел, можевте да прочитате извадоци од неговата биографија, понатаму следуваше интервју за Лигата на Шампионите, и за неговиот „Голем план“. Интервјуто кое даде доста одговори е водено од страна на Four four two магазинот и на крајот следуваше текстот напишан од Сан. Се на се, сакав да кажам за неговото доагање, притисокот, успехот, водењето на ѕвезди, стадионот, заминувањето на легендите и правењето на Арсенал во еден од најдобрите и финансиски најстабилни со светот. Исто така, видовме текст и интервју за сезоната 2007/08 кога Арсенал ја доживеа таа пресвртница и ја загуби титулата на крајот од сезоната. Нешто слично се случуваше и лани во 2009/10. За таа сезона, можете да прочитате подолу (пост за јули, 2010), додека за 2008/09, не игравме кој знае каква улога во шампионската трка во ПЛ. Исто така, го направивме и интервјуто каде вика дека ЛШ е само момент и дека фаворитот не мора да значи дека ке успее да ја освои. Наредната сезона, токму тоа и го докажавме, играјки во финалето.

Целиот пост е за оние кои не ја знаат од почеток работата на Венгер, а за жал, имаме се повеќе и повеќе такви, во младите генерации. Инспириран од нив овој пост е завршен. Сите информации се во моја сопственост и стојам зад нив.


... На барање на неколку членови кои ми пишаа емаил, и кои сакаат да ја прочитаат Биографијата на Венгер, во наредниот блог, оди и тоа.... Дотогаш, некои интересни работи ке бидат откриени за оние кои не знаеле, што значи Венгер и Арсенал... Се надевам дека и тој блог ќе биде во овој месец....До тогаш, уживајте

No comments:

Post a Comment