http://www.arsenal.com/home

Saturday, August 28, 2010

Биографија, Ешли Кол, My Defence

1 дел: ПРЕДАДЕН ОД КЛУБОТ КОЈ ГО САКАВ

Ешли Кол открива како прекршено ветување и еден телефонски повик водеа до негово заминување од Арсенал

ОВА е првиот од двата дела со најинтересните и најконтрверзните извадоци од книгата на Ешли Кол: My defence која излезе во продажба на крајот на септември 2006 година. Извадоците предизвикаа бурни рекации во јавноста во Англија, бидејќи откриваат многу, досега неразјаснети работи во фудбалскиот свет на Премиер Лигата

„Смешна“ понуда

... „Моето срце и душа беа врзани за Арсенал. Во ниту еден момент не помислив дека би можел да го напуштам единствениот тим во Англија, кој го САКАМ. Тоа беше се до сезоната 2004/05. „

Се започна додека лежев на сонцето во хотелот во кој со репрезентацијата на Англија се подготвуваме да заминеме на Европското првенство во Португалија, кога некој ми довикна: „Ешли!“. Го видов Г-дин Дин ( за оние „новите“ Дејвид Дин, поранешен извршен директор на Арсенал) кој ми соопшти дека не заработувам доволно и дека мојата плата во Арсенал ќе биде покачена. Насмевката на моето лице му кажуваше се, но тонот со кој тој го продолжи разговорот ја избриша таа насмевка. Тој зборуваше како да ми прави огромна услуга и ми зборуваше како што би му зборувал на некое 16-годишно момче од младите категории.

Она што тој ми го понуди беше покачување за 10.000 фунти неделно, што значеше дека јас ке заработувам 25.000 фунти – огромни пари! Но, кога ќе се земат во предвид неговата проценка на мојата вредност на 20 000 000 фунти и платите на останатите фудбалери на Арсенал кои беа околу 85.000 – 100.000 фунти неделно, неговата понуда беше смешна. Тоа беше првата шлаканица, од Арсенал.

Уште пред нерешениот резултат со Челзи од 2-2 на Хајбери во декември, 2004 јас му соопштив на мојот агент дека сакам нов договор. Јас го САКАВ Арсенал и не можев да се замислам себеси во дресот на некој друг клуб. Реков: „Понудете ми 60.000 неделно, бидејќи тоа јас го заслужувам и ќе бидам среќен со таа понуда“.

Пазарење за „ситни“ пари

Следното што го знам беше дека на 20 декември, мојот агент Џонатан(Барнет), ми се јави на телефон и ми соопшти: „Ешли, само што имав состанок со Г-дин Дин и тој се согласи за 60 000 фунти. Имаме договор“. Бев најсреќниот човек на мојот свет. Но, како што подоцна испадна, бордот на директори на Арсенал имал состанок на кој било одлучено дека максималната плата ќе ми биде 55 000 фунти неделно. Не ми се веруваше. Тие повеќе се грижеа да заштедат по 5 000 фунти, неделно.

Возев со мојот автомобил на пат до куќата на мојата мајка кога добив повик на мобилниот телефон. Тој телефонски повик го промени се она што дотогаш со чувствував за Арсенал. „Ешли! Ме слушаш ли? Тука сум во канцеларијата на Г-дин Дин(сите фудбалери мораа да му се обраќаат со Г-дин Дин) и тој ми вели дека можат да ти понудат најмногу 55 000 фунти неделно. Среќен ли си со таа понуда?“. Кога го слушав Џонатан како ја изговара таа сума, од 55 000 фунти, за малку ќе излетав од патот со мојот автомобил. „Тој не прави будали, Џонатан!“ - му се развикав на мојот агент. Бев крајно нервозен. Арогантниот Дин, одлучил така. Не ми се веруваше што слушнав. Оттогаш, па натаму сите мои врски со Арсенал почнаа да се распаѓаат.

Следниот месец се сретнав со Дејвид Дин во неговиот дом, кој се наоѓаше на само 10 минути возење од мојот дом. Тогаш му објаснив колку сум разочаран од бордот на директори на Арсенал, кој тој го предводи, и го прашав дали некој има нешто против моето останување во Арсенал. Само така можев да го објаснам „ситничарењето“ на Арсенал за само 5 илјади фунти. „ Се чувствувам предаден и разочаран од клубот за кој го давав моето срце изминативе години“. Му кажав дека сум сакал да потпишам нов договор, но целата ситуација ме направила нервозен и збунет. Една недела подоцна, добив повик од Џонатан кој ме праша: „Дали си му рекол на Дин дека сакаш да потпишеш нов договор?“ - тогаш сфатив дека директорот ги извртел моите зборови. Иако многумина мислеа дека моите односи со бордот на директори се влошија поради скандалот со Челзи, тоа не е така. Односите се влошија поради тоа што не сакаа да ги исполнат моите барања во врска со новиот договор, кој тие самите го понудија...

Лош третман

... „Два дена пред да бидам официјално сослушуван во врска со скандалот со Челзи, Арсенал играше против Болтон на гости во рамките на ФА купот. Јас бев на клупата за резерви и тоа беше еден вид казна, што не сакам да го потпишувам новиот договор, иако врз одлуките на „Шефот“(Арсен Венгер) никој немаше влијание, и тој ми рече само дека треба да мирувам поради повредата. Тогаш, човекот кој најмалку сакав да го видам беше Дејвид Дин кој по секој натпревар доаѓаше во соблекувалната. Така беше и по овој натпревар. „Дали си добро, Ешли?“ - ме праша, а јас одговорив викајќи: „Не! Не сум добро, Г-дине Дин! Дали ви изгледам добро?!“ Неверојатен беше погледот на Стјуарт Тејлор (помошник тренер) кога виде како му се развикав на вториот човек во клубот. Деновите на пријателство меѓу мене и Дин беа завршени. Со него би се поздравил само кога тој прв би ми ја подал раката.

Во текот на летото мојот агент дојде до компромис со клубот. Јас ја добив платата од 60 000 фунти неделно, но договорот беше само на една година. Јас побарав договор на 6 години, за доброто на клубот, но тие ми понудија само една година. Една година, од клубот кој го сакав. За ситуацијата да биде уште полоша, јас бев надвор од тимот речиси цела година. Бев изненаден кога медицинскиот тим реши моето враќање на теренот да биде уште на 14 јануари против Миделзброу. Едвај можев да трчам и воопшто не тренирав со топка. Сепак, бев на теренот и заработив нова повреда која ме оддалечи од теренот нови 6 недели. Таа повреда и еден бизарен разговор подоцна, беа решавачки за мојата иднина во Арсенал.

...Само што завршив со тренингот кога Тони (Тони Колберт, кондицискиот тренер) ме праша дали се чувствувам добро. Јас му одговорив потврдно, бидејќи се чувствував одлично во моментот. Но, овие болки во препоните беа такви: една минута не чувствуваш ништо, подоцна чувствуваш огромна болка. Веднаш појдов кај Гери Левин (тимскиот лекар) и му кажав дека чувствувам болки. Во тој момент, Тони влезе со соблекувалната и се развика: „Зошто не ми кажа дека те боли кога те прашав? Рече дека си во ред пред само неколку минути“ - гледајќи ме со поглед на професор кој прекорува дете кое избегало од часови. „Што очекуваш од мене, кога ми велиш дека си во ред, а минута подоцна доаѓаш тука, покосен, како од куршум погоден ?“ Биди искрен со мене:„ Дали се преправаш дека те боли повеќе, само за да бидеш свеж за Светското првенство?“ - ме праша Тони. Не одговорив ништо. Се повлеков. Ме повреди. Ова беше клучниот момент. Последната капка која ја прели чашата. Кога ги размислив неговите зборови, му се развикав:„ Што?! Јас треба да играм за Арсенал за да одам на Светското првенство и зошто би лажел дека сум повреден? Колку помалку играм, толку помали се шансите за да одам за Германија (земја домаќин на СП). Длабоко ме повреди, Тони“.

Последниот натпревар

Тони беше само уште еден човек во тимот кој се сомневаше во мојата лојалност кон тимот. Имав директор и подпретседател кој не ме сакаше, фанови кои не веруваа во мојата верност кон клубот, соблекувална во која ја немаше добрата атмосфера и сега еден од тренерите се сомневаше во мојата професионалност. Не знам зошто се измачував себеси кога беше јасно, јас немав иднина во Арсенал.

„Последниот натпревар на Арсенал на Хајбери на 7 мај беше емоционален за клубот. Не ми се веруваше дека тоа всушност ќе биде мојот последен натпревар во дресот на Арсенал. За мене веќе немаше место во клубот и јас тоа го знаев. Тоа уште го знаеа, Шерил (сопруга, поп ѕвезда) и мајка ми. Моите најголеми стравови се потврдија на крајот на натпреварот, кога јас, Тиери(Анри) и Боби(Роберт Пирес) стоевме на центарот на игралиштето, и откако заврши натпреварот нивните имиња беа извикувани и опеани од навивачите и овации од самото гледалиште. Како што песните за нив престануваа, останавме уште малку за фановите да ме поздрават и мене. Немаше ништо. Тишина. „Не ме сакаат мене“ - му реков, со солзи во очите, на капитенот, и продолживме во соблекувалната, прегрнувајќи ме заедно со Боби. Таа вечер излегов во клубот Ембаси, но за разлика од претходните години, со мене немаше ниту еден фудбалер на Арсенал. Наместо крајот на сезоната да го прославувам со моите соиграчи, со мене немаше ниту еден фудбалер од Арсенал. Подоцна го најдов Џон Тери, Демиен Даф, Карлтон Кол и Џо Кол, и со нив го прославував завршувањето на сезоната, со мојот тим, со Арсенал. Мој, до тогаш...


2. дел. :СЛУЧАЈНА СРЕДБА КОЈА СЕ ПРЕТВОРИ ВО „ТАЕН“ СОСТАНОК


Во вториот извадок од својата книга, Ешли Кол, ги открива деталите од најмиестериозниот состанок во историјата на Премиер Лигата и внатрешните проблеми во Арсенал.

Кога од денеша перспектива гледам на работите едноставно не ми се верува како една случајна средба со Мурињо ми го смени целиот живот. За само неколку дена од херој на Арсенал, станав мета на обвиненија на ФА и критики на медиумите. Фановите преку ноќ престанаа да го пеат моето име. Се што тогаш беше мојот живот заврши као некој да го „пресекол кабелот“. Јас, станав предавникот Ешли Кол – Јуда од Хајбери.

Мистериозниот состанок

Добро се сеќавам на тој ден. Отидов да се видам со Џонатан Барнет(мојот агент) во неговата канцеларија. Влеговме во едно Бенлти и Џонатан, му ја кажа на шоферот нашата дестинација: Ројал Парк Хотел(хотел во кој Лејди Смит, има акции, една од акционерите на Арсенал). Кога пристигнавме во хотелот влеговме во Green Room, соба наменета за состаноци. Таму не пречека Пини Захави, кој седеше сам. Со него имавме договорено разговор. Разговаравме околу 20 минути кога Пини, погледна во часовникот и рече: „Готово е! Време е за мојот следен состанок“. Тој стана за да се поздрави со нас и тогаш се отвори вратата и во собата влезе Хозе Мурињо и Питер Кенион(првиот, менаџер на Челзи, а вториот, директор на Челзи). Нашето заминување траеше околу 15 минути, мал разговор помеѓу сите нас во собата. Јас не видов ништо лошо во тоа. Мурињо седна на чело на масата и првото што јас го кажав беа пофални зборови за играта на Челзи. Тој, рече: „Да, играме добро, но планираме да се засилиме со уште двајца фудбалери: еден од средниот ред и еден лев бек“ - одговори Мурињо. Тога Пини, дофрли:„Па седиме со најдобриот лев бек на светот“, на што Мурињо со огромна насмевка, дофрли:„ Апсолутно е така. Се согласувам“.

Зборувавме општо за фудбалот и Мурињо ме праша за мојот живот во Арсенал: дали сум среќен во мојот клуб. Тоа беше сосема нормално прашање кое ми го поставуваат многу новинари, роднини и пријатели. Јас одговорив искрено, дека вооптшо не сум среќен, но тоа е долга приказна и немам доволно време да раскажувам. Тој ме запраша дали не сум задоволен од Арсен Венгер. „ Не! Мојот тренер е феноменален и никогаш сум немал проблем со него. Моите проблеми се други луѓе во клубот“ - му одговорив. Почуствував дека сакаше да ме праша нешто кога мојот агент, Џонатан, викна да си одиме и го прекина разговорот. „Време е да заминеме. Господа, ни беше мило што поразговаравме.“ Можам да ви кажам дека тоа беше се што се случи во тие 20-тина минути. Никогаш на разговорот не се спомна трансфер, бројки, суми или евентуални идни состаноци. Имам 3 сведоци за тоа.

Обвинет!

До следниот викенд, јас бев во центарот на вниманиет на јавноста и во центарот на судирот меѓу Челзи и Арсенал. Некој дознал за нашиот „состанок“ и оддеднаш јас и Челзи бевме обвинети за прекршување на правилата на Премиер Лигата. Ако Челзи, беа прогласени за виновни, имаше шанси дури да им одземат бодови во шампионатот и тоа беше единственото нешто што го интересираше Арсенал. Во мојот проблем, тие видоа шанса да го намалат водството на Челзи, во ПЛ. Венгер беше единствениот кој дојде и ме праша како се чувствувам, после се. Никој друг. Апсолутно никој. На големо се шпекулираше дека Челзи ќе бидат обвнинети од ФА, пред се заради блиските односи на Дин со ФА, но во ниту еден момент, не помислив дека јас како фудбалер би можел да се соочам со обвинение. На 23 март 2005, ФА објави дека и јас сум обвинет за прекршување на правилото К5 – приод на фудбалер кон друг клуб без дозвола на мојот матичен клуб. И Челзи беше обвинет. Во ФА не можеле да се одлучат која страна била виновна, и затоа најдоа соломонско решение, и двете страни.

Судењето

Сослушувањето беше на 17 мај, пет дена пред финалето на ФА купот против Манчестер Јунајтед. Прв сведок во име на Арсенал, беше Дејвид Дин. Во желбата да изнуди што поголема казна за Челзи тој беше неверојатно збунет и дури изјави дека случката во хотелот толку многу влијаела на атмосферата на тимот што клубот ја завршил серијата од 49 натпревари без пораз.Тоа беше апсурдно, бидејки ние ја прекинавме серијата 3 месеци пред да се случи средбата. Жозе Мурињо беше следниот што сведочеше. Од тактичка, гледна точка тој беше феноменален. Зборуваше за мене и мојот агент, и за тоа дека не сме среќни во Арсенал. Тој кажа дека јас сум незадоволен со договорот и начинот на кој се водат преговорите за нов. Сепак, Мурињо претера кога излажа дека не сум задоволен од својот менаџер(Арсен Венгер). Мурињо лажно сведочеше дека јас сум му кажал дека сум незадоволен од односот на Венгер со фудбалерите од Франција. По Мурињо на ред беше Питер Кенион, кој кажа дека состанокот всушност бил договорен, но ние сме го побарале преку нивниот агент Пини Захави. Неговото сведочење не беше уверливо.

Последен сведочев јас самиот. Уште на почетокот изјавив дека се што беше кажано предходно е „ѓубре“ и ја раскажав вистинската приказна од почеток до крај. По моето сведочење, беше објавено дека Арсен Венгер нема да сведочи, одлука кој ми ја кажа тој самиот, за да не влијае врз атмосферата на тимот во пресрет на едно финале. Тоа е она кое одлучи. На моја страна бев самиот јас и конфузните изјави на Дејвид Дин. Во тој момент знев дека нема шанса да бидам прогласен за невин.

Виновен!

Пресудата пристигна: сите се виновни! Тоа беше очекувано. Сепак, пресудата, беше во најмала рака смешна. Тие не ми веруваа мене. Всушност, не веруваа на никој во таа соба. Едноставно, заклучија дека состанок постоел! Понатаму, пресудата беше заснована на нивни претпоставки. Не можам да ги обвнинам. Јас и сите кои бевме во собата на таа средба знаеме што беше, а што не беше речено, но сите оние кои слушнале дека средбата постоела, само претпоставиле што се случило. Челзи беше казнет само парично, околу 300 000 фунти и желбата на Арсенал за намалување на бодови не се исполни. Мене ме казнија со 100 000 фунти плус трошоците за судењето, но она кое најмногу ме болеше беше фактот што на Хајбери секогаш ќе бидам запаметен како фудбалер кој му го сврти грбот на Аренал за да му се понуди на Челзи и Жозе Мурињо. Јас точно знам што се случи на таа 20 минутна средба, и таму апсолутно немаше прекуршување на никакви правила.

Нетпреливост и лоша атмосфера

Од денешна перспектива, како фудбалер на Челзи можам да говорам за проблемите на Арсенал во јавноста. Ние загубивме 11 натпревари мината сезона, а јас скоро цела сезона бев надвор. Проблемот беше во тоа што во Арсенал имаше премногу себични фудбалери кои играат за себе и премногу млади играчи кои прават „ученички“ грешки. Освен тоа, во тимот владее катастрофална атмосфера. Секој се кара со секого. Премногу фудбалери ги сфаќаат критиките премногу лично и се лутат. Се случувало некои фудбалери да не ми прозборат со денови, само за тоа што сум им дал некој пријателски и добронамерен совет. Бев запрепастен кога го видов однесувањето на Сендерос со Мартин Кион. Една легенда на клубот му пријде и го посоветува да биде похрабар во дуел-играта, а Сендерос само арогантно го погледна и му го сврте грбот! Робин Ван Перси бил скаран со Фреди Љунберг со месеци, а ние го откривме тоа дури кон крајот на изминатата сезона. Не би сакал да откривам повеќе за начинот на „пријателство“ меѓу Коло(Туре) и Емануел (Ебуе). Исто такво „пријателство“ имаа и Рејес и Фабрегас.

Последните неколку месеци во Арсенал беа вистински кошмар и јас сум среќен во Челзи. Фановите можеби ме мразат, но совеста ми е чиста и клубот Арсенал е тој кој е најзаслужен за моето заминување во Челзи.


Тука завршуваат извадоците од неговата биограифја. Можеби, некои ке го замразат уште повеќе, некои ке сменат мислење, а некои ке останат неутрални... Како и да е, да разјасниме, после ова, скоро се се смени во Арсенал... Година подоцна, се најде виновникот и Дејвид Дин си замина од Арсенал... Можеби токму овој дуел на Дин и Кол, беше моментот кој одлучи Дин да си замине од клубот.... Дури сега ми се разјаснети многу нешта, и многу други зборови кои ги кажува самиот Венгер во неговата биографија... Кога ке поврзам многу нешта, можам да увидам, дека Кол е само жртва на раководството на Арсенал, но тоа не го намалува и неговиот дел во приказната... Ако тој ми беше досега најомразен играч поради неговиот трансфер, сменувам мислење за него, тоа е дефинитивно... Туре и Адебајор посебно, направија уште пострашни трансфери... Уште еден факт е дека во биогарфиите на Венгер и Мурињо и двата, не ги негираат овие факти изнесени во биографијата на Кол.... Како и да е, Кол е веќе историја и играч на наш најголем конкурент и каков таков ќе го добива и третманот... Играч од противнички тим..


Поздрав од мене

3 comments:

  1. Едноставно колку и да читам , и да сакам да верувам дека не е тој крив ... неможам.
    Премногу ме има повредено тој ужасен трансфер.
    Играчот кој што беше најдобар лев бек 2 сезони по ред , играчот кој што имаше спасено највеќе подогодоци на сама гол линија , играчот кој што играше во Арсенал од најмали нозе кој од шпиц смиот Венгер го преименува во бек ... да не предаде за најголемиот конкурент од градот по Евреите...

    ReplyDelete
  2. Здраво баце прво да те пофалам за ова што го работиш, навистина многу ми се допада овј извадок од биографијата на Ешли Кол, па во врска со оваа тема имам едно прашање за тебе...

    Дали можеш да ми кажеш каде ги наојѓаш афтобиографиите на Ешли, Венгер, Мурињо???
    Веќе некое време се обидувам да ја најдам афтобиографијата на Мурињо на интернет али не успевам!
    Доколку можеш да ми помогеш пиши ми на мојот блог http://rikal-chelsea.bloger.hr/ kako komentar ili pak na tvojov blog!

    Иначе ко што гледаш јас сум фан на Челси но секогаш ми е мило кога ќе видам вака добро среден блог или фан клуб на кој и да е тим во Македонија!

    Поздрав од Рикал

    ReplyDelete
  3. Данкешен за пофалбите...

    ReplyDelete