http://www.arsenal.com/home

Sunday, July 4, 2010

„ДАЛИ АРСЕНАЛ Е ИМУН КОН ТРОФЕИ?“ „КАДЕ ЈА ГУБИМЕ БИТКАТА СО КОНКУРЕНТИТЕ?“ - КОМПЛЕТНА СТАТИСТИКА ЗА СЕЗОНАТА 2009/10

Прво, да ви посакам добредојдовте на мојот нов блог, кој ќе биде отворен за сите Вас. Секоја недела ќе има по еден нов блог кој ќе го опфаќа се она што се случува во Арсенал. За почеток ќе почнеме од онаа болна точка за нас, веќе 5 години...Трофеите...Комплетната анализа за сезоната 2009/10 и тоа каде ја губевме битката со конкурентите, следува, во продолжение. Сите коментари, забелешки, пофалби, критики и предлози се добредојдени.

Арсенал оваа сезона ја започна фантастично. Секој би посакал победа од 6:1 на Гудисон Парк. Половина тим се запиша во листата на стрелци и тоа беше одлична увертира за квалификацискиот натпревар од Лигата на Шампионите против Селтик кој Арсенал го доби со 2:0 со автогол и голот на Галас. Но, вистинската потврда за 6-те парчиња во мрежата на Хауард требаше да се докажат само две седмици покасно. Ако тука ја имаме и одличната увертира со Портсмут и победата од 4:1 на Емирати следуваше, токму тоа и на кое помислувате. Манчестер Јунајтед и „Олд Трафорд“. Старите познаници на мегдан. Сер Алекс и Венгер веќе немаат фудбалски тајни, и реткост е дуел меѓу нив да заврши 0:0. Така беше и овој пат. Арсенал многумина не го ставаа во борба за титула, бидејќи Сити се засисли доста добро и Арсенал дури беше „избркан“ од страна на некои новинари, од големата 4-ка. Децата на Венгер требаше тоа да го демантираат. Така и беше. Арсенал поведе преку фантастичен гол на Аршавин, но подоцна една, повторно, кобна судиска грешка и пенал за Јунајтед. Руни егзекутор. Венгер направи неколку замени, и го освежи средниот ред, но потоа следуваше „разладувањето“ од Диаби. Автогол и победа за Јунајтед. Згора на се, Мајк Дин го избрка Венгер на трибините кој ја забавуваше публиката на Олд Трафорд. Причина? Шуткање на шише по оправдано поништениот гол на Ван Перси, поради офсајд. Разочарани навивачи, играчи и тренер. Подобри на терен, но полоши во резултат. Тоа е суровоста на фудбалот.

Но, се веќе требаше да се заборави, бидејќи Арсенал за 7 дена патуваше кај „Граѓаните“, на Сити Граунд. Единстевно добро од овој меч е голот на Росицки, кој после 22 месеца се врати на терен и постигна гол. Арсенал овој меч го изгуби со 4:2, но уште еден важен детал е прославувањето на голот на Адебајор, кој со доста цинизам замина кај навивачите на Арсенал да го слави погодокот. Да потсетам, претрча 70 метри за да го направи тоа. И да, и Туре се радуваше на голот, кој заедно со Адебајор направија трансфер во друг англиски тим, поради големата „љубов“ која ја чувствуваа и ја чувствуваат сеуште. Ха, смешки... Одличната форма на Ван Перси само успеа да го одложи овој пораз кој во 60та минута израмни на 1:1... Арсенал се врати од Манчестер без ниеден бод и средина на табела, во тоа време. Шанса за поправен имаше против Виган и тоа искористена одлично. 4:0. Новакот од Ајакс, одличен во одбрана, но и фантастичен во напад. 2 гола за Вермален, Ебуе и капитенот, Фабрегас. Во 7-то коло следуваше гостување на „Кревен Котиџ“ кај Фулам. Тврд меч, каков и што се очекуваше. Но, имавме и имаме фантастичен напагач. Погодувате, нели ? Робин Ван Перси, го реши мечот. Нови три бода и место погоре. Потоа следуваше домашен дуел против Блекбурн и победа од 6:2, верувале или не. Тоа го направи тимот на Венгер, да бидат со најдобар напад и со неверојатен просек со нешто над 3 гола по натпревар. Така и продолжи. Арсенал одеше нагоре. Иако е рано, но после 8-то коло оптимизмот се врати на Емирати, заедно со препознатливата насмевка на Арсен Венгер. Сите беа среќни.

Така требаше и да продолжи. На гости дојде Бирмингем, кој успеа да издржи едно полувреме, но Ван Перси, Диаби и Аршавин, ги вратија работите на свое место. Арсенал одеше нагоре, одеше кон атак на титула. За тоа да се потврди требаше победа против Вест Хем. Така и тргна, но... После 2:0, Вест Хем се врати и мечот заврши 2:2. Момците на Венгер не подлегнаја на притисокот и во истата таа недела го совладаа Ливерпул во Карлинг Купот, со головите на Мерида и Бендтнер. Но последниот месец од октомври, донесе омраза. На „Емирати“ дојде Тотенхем. Лутиот ривал од соседството. Тимот на Хари Реднап, беше на три бода зад нас, но Венгер покажа кој е кој во овој дел од Лондон. Ван Перси со два и Фабрегас со еден гол, го донесоа Арсенал на веќе 3то место, зад Јунајтед и Челзи. Во Лондон, на „Стемфорд Бриџ“ се играше дербито на Челзи и Манчестер Јунајтед, па евентуален пораз на Јунајтед или нерешен резултат, го носеше тимот на Венгер место погоре. Така и бидна. Јунајед загуби, Арсенал победи кај Волвс. После 12 кола Арсенал беше втор со 5 бода помалку зад лидерот Челзи, но и натпревар помалку за нас. Она кое што ја попречуваше славата и среќата, беше информацијата од Холандија која викаше дека Робин Ван Перси, доживеал повреда, но сеуште не се знаело колку ке биде аут. После медицинските прегледи во Арсенал, констатирано е повреда која ќе го одалечи Робин најмалку 4 месеци од терените. Шок. Неверување. 7-те гола во 12 кола даваја шанса дека конечно имаме нов Анри. Но, повторно фудбалот е суров. Арсенал мораше да продолжи напред. Така и беше.

Кога сите веќе не сфатија онака како што треба, сериозно и со респект, дојде неочекуван пораз од Сандерленд. Стив Брус не крие дека победите против Арсенал му се најслатки, знаејќи дека тој е една од иконите на Манчестер Јунајтед. Арсенал го доживеа 3-от пораз, и како така, мораше да влезе во првиот мега дерби дуел на домашен терен. Од не толку далеку, дојде Челзи. Водечкиот. Дрогба, Лампард и другарите најавија дека се расположени за игра. Бендтнер го замени Ван Перси, исто како и на предходниот дуел, но разликата во класи е очигледна меѓу овие двајца. Фијаско на Арсенал. Нашата „ноќна мора“ повторно напаѓа. Дрогба повторно дава голови, од секаде, од игра, од слободни удари....Од секаде... Алмуниа повторно на напад на новинарите. „Дали Арсенал ќе најде замена за Дејвид Симан, па и за Леман, кој имаше супер сезона во Арсенал?“ - осамна на насловната на Тајмс. „Момците на Венгер не се достојни да бида шампиони“ - „пукаше“ Пипл. „Венгер никогаш нема да биде сменет, но дали треба да се запраша нешто?!“ - СНН. Но, Венгер знаеше како треба, и продолжи напред. Ако на ова се додаде и пораз од Сити во Карлинг Купот, тогаш оваа недела треба да замине во заборав, уште одма. Но, тука беа првите знаци дека Арсенал не е зрел да освои титула. Арсенал после двата порази во Премиер Лига имаше, 11 бода негатива зад водечкиот Челзи. Но... 15-то коло, Арсенал – Стоук 2:0. Неколку замени и Аршавин и Ремзи, доцна, победија за Арсенал. На средина, од сезоната, во 16-то коло, на 12.12. 2009, Арсенал замина на „Енфилд“ кај Ливерпул. Многумина веќе не отпишаја, но тоа нас ни одговараше. Арсенал се врати од негативата по првиот дел и повторно преку „ноќната мора“ на Коп Трибината, Аршавин, погоди за победа. Предходно Џонсон си постигна автогол, карактеристика која го красеше во Портсмут и Челзи. Аршавин, во 2 меча на Енфилд веќе има 5 гола. Аршавин го држеше Арсенал на едно високо ниво. Победата им даде крилја ( не Ред Бул)... Фактот дека Челзи губеше бодови, позитивно влијаеше на Арсенал.

Згуснат распоред и Боксинг Деј. Токму тоа се случува во ¾ од Премиер Лигата. Во 17-то коло Арсенал замина на гости кај Барнли, предводен од Овен Којл, иначе легендата на Болтон. Ако се знае дека тука губеа бодови Јунајтед, Ливерпул, тоа требаше да биде предизвик за Арсенал. Но, Арсенал не остана покусо. Венгер се нервираше, но Никлас, промашуваше. 1:1 – Фабрегас е месијата. Домашниот дуел против Хул не претставуваше проблем, оваа година. Денилсон, Едуардо и Диаби носеа бодови на „Емирати“. Во наредното коло на гости дојде Вила, која беше доста „проблематичен“ тим. Така и се покажа. На терен, Арсенал доста се мачеше, но во средината на 2-то полувреме влезе Фабрегас и ја реши судбината на Вила. Недоволно залечен, влезе даде 2 гола и излезе, откако ја обнови повредата. Повторно проблеми за Венгер. Ако порано бевме доволни „среќни“ и нашите главни ѕвезди не се повредуваат толку често, тогаш последните години, се наплаќаат долговите. Фабрегас ќе одмара 1 месец, и се чинеше дека Арсенал не може без него. Но Арсенал не е Аренал ако не не демантира, дека поединец не може да го прави Арсенал. Победата од 4:1 на „Фратон Парк“ кај Портсмут и добрата форма на Едуардо, Насри, Ремзи во тој период, направија да не се чувствува повредата на Фабрегас и веќе подолго повредениот Ван Перси. Сонг царуваше на средината и тој го прослави неговиот прв гол. Арсенал после 20-то коло се наоѓаше на 3-то место, зад Челзи и Јунајтед, со негатива од 4 бода, но и натпревар помалку во однос на конкурентите. И да, Арсенал е повторно назад во игра за титула, без половина тим. Арсенал играше и даваше голови. Имаше најдобар напад со 51 гол, до сега и со можеби не толку добра одбрана, ако се знае дека Галас го мачеа повреди. Новакот од Ајакс се покажа како фантастично засилување. Но, не можеше сам.

Кога, Арсенал го победија Евертон со 6:1 на гостински терен, дојде време за подобрување на гол разлика со уште една 6-ка. Но...Имаме повторно едно „Но“...Веројатно преголемата самодоверба и преголемото потценување на Евертон резултираја со губење на уште бодови. Арсенал, беше на прагот на пораз. Губеше со 2:1, но се играше 94 минута. Судијата дозволи последен напад на Арсенал. Десно е Росицки, кој упатува топовски удар за 2:2. Арсенал се спаси од пораз. Но, за пристапот кон играта, немаше да биде незаслужено доколку изгубеше. За прв пат, ми е жал, што Арсенал не изгуби. Само така, ќе се научеа дека противник, кој и да е, не се потценува. Тоа го прават младите сили, кои во мозокот предвреме си имаја 3 бода во главата. Ако се знае дека, ден предходно Челзи изигра 1:1 со Хал, а Јунајтед 1:1 со Бирмингем, тоа докажува дека проблемот баш е во младоста. Со победа, Арсенал ќе беше прв, и нашите младинци, веќе се гледаја како лидери. Секоја чест за Евертон, кој не дојде да ни ги дај бодовите на тацна. Се играше машки. Но и вака е добро, ја научија лекцијата. Следуваше победа против Болтон, на гости со 2:0 и за 3 дена се играше заостанатиот дуел од 2-то коло, повторно со Болтон, но на „Емирати“. Кога пред 2 реченици кажав дека ја научија лекцијата, тука и ми потврдија. Болтон имаше предност од 2:0, после 35 минути, но Росицки, Фабрегас, Вермален и Аршавин, покажаја дека Арсенал може. Враќањето на Фабрегас не можеше да биде во подобар момент. Арсенал макар на 2 дена, застана на чело на табелата. Какво чувство! Еротика! 2 дена шетав во дрес од Арсенал, по кафичи и ноќни клубови. Немам зборови ! Само требаше да се одржиме таму. Ништо повеќе. Но, менталната слабост повторно дојде на дело. 0:0 против Вила, на „Вила Парк“ и не е така лош резултат, знаејќи дека го победија Челзи тука и Јунајтед гости. Но, кога сме кај Јунајтед тука ке останиме. 24-то коло, „Емирати“ Арсенал – Манчестер Јунајтед. Спектакал ! Фантастична атмосфера ! Поздрав на Венгер и Сер Алекс ! И...Толку ! Тука сакам да прекинам....

25-то коло, „Стемфорд Бриџ“ Челзи – Арсенал. Повторни сум „прекинат“ ! Разочаран сум ! Не сакав да гледам ! Ако тие две недели на почетокот беа најлоши, тогаш овие се уште полоши, бидејќи беше крај на сезона ! Јас, предмет на исмејување од друштвото, кое погодувате за кој навива ! Јас, повторно со дресот на мене, но овој пат, со иронична насмевка на мене, и со благ потсмев од случајните минувачи ! Тоа мене не ми пречи. Посакав сето тоа да прекине, и така беше. 3 дена подоцна, Арсенал се враќаше. Порази на Челзи и Јунајтед, и победа на Арсенал против Ливерпул. Диаби е славеникот. Се редеа победи, против Сандерленд и Стоук. Но, секоја победа би ја сменил, само за да не се случеше она што се случи во 28-то коло. Стоук – Арсенал. Таман врзавме 2 победи и ми се врати филмот од Бирмингем и Едуардо пред 2 години. Уфффф...Знаев...Ремзи доживува страшна повреда, хорор...Дечкото кој го повреди, во солзи....Знаев дека е нешто лошо, прелошо..Така и беше... „Ремзи, една година надвор !“ - излезе на Тајмс. „Дали ова момче ќе заигра фудбал, повторно“ ?! - Дајали Стар. И таман кога не се надевав на ништо, оп...пенал...Фабрегас и победа...Вермален ја потврди во 94 минута...Почуствував нешто, специјално. Дали ова можи да биди мотив плус ?! Дали е можно, да ја освојат за Ремзи ? Дали ? Повратникот кај нас Сол Кембел, ги собра на теренот како вистински предводник на младите и им рече дека ќе одат до крај со сите сили. Барем го одржа зборот. Му благодарам на Сол за се што направи за Арсенал. Тој е вистинска легенда, а не „играчите“ како Туре и Адебајор, кои, за жал, играат фудбал за пари. Кога играч како Сол ке одбие богата Катарска понуда и ќе се врати за да му помогни на тимот, за кој играл, за кој дошол од најлутиот ривал е тогаш, таквите играчи ќе го имаат статусот на легенда кај нас. За жал, Туре и Адебајор, никогаш. Но не вреди да ја трошам тастатурата од мојот „Павилијон“ нив, нели ? После 28-то коло Арсенал е тука. Да да, сигурно се прашувате како, кога, зошто, но Арсенал држи чекор. Челзи има 61 бод, Јунајтед 60 бода, Арсенал 58 бода...

Следуваше победа против „должникот“ Барнли од 3:1 со голови на Фабрегас, Аршавин и Волкот, кој конечно се враќа од повредата, во вистински момент, со гол. Во наредното коло, иако се чинеше дека ќе ги снајди иста судбина како и Челзи, Бендтнер со гол во 93 минута им носи значајна победа од 2:1 на Арсенал. Да, Дами и Господа, Бендтнер не одржа во живот, барем уште малку. На следниот натпревар лесна победа против Вест Хем и веќе шест победи со ред за Арсенал и плус онаа против Порто во Лигата на Шампионите, значи седум. Но, на „Сент Ендрујс“ немаме добри спомени и не сакам да се постетувам на последниот наш меч тука. Она само кое ќе го кажам е дека со доцен гол за Бирмингем, ние се оддалечувавме од титулата. Ова е првиот чекор, од тоа губење на титулата...

Се играше 33-то коло, Арсенал победи против Волвс, со доцен гол на Бендтнер, Јунајтед изигра нерешено, а Челзи победи и се врати на врвот. Табелата изгледаше вака : Челзи 74 бода, Јунајтед 72 бода, Арсенал 71 бод. Но тука се се поремети. Лео Меси ги зашемети главите на Арсенал и дуелот со Тотенхем дојде во најлош момент. Пораз, и да оддалечување т.с немање шанси за титула. Ова беше мечот кој ни ја одзеде титулата. Зошто ? Затоа што во наредното коло, и Челзи изгуби, а ние со победа против Тотенхем и Виган, која релано ќе ја имавме, ќе бевме први на табелата и до крај игравме само со просечни тимови. Сити, Блекбурн и Фулам. Но тоа е тоа....Алмуниа направи кардинална грешка, која никој не можеше да ја исправи. На почетокот на 2-то полувреме, завршија нашите надежи за победа на овој меч. Ние до крај, успеавме да изиграме нерешено со Сити и да изгубиме од Блекбурн, но убеден сум дека ако победевме против Тотенхем, ќе ја имавме титулата во раце. Поразот од Виган е само наивен, и резултат на опуштање заради големата предност на Челзи. Челзи победи се до крај, но прашање е ако и Арсенал го направеше тоа. Но не го направи, и одиме напред. Она што е важно, според мене губењето на титулата е во првата етапа против Бирмингем, и втора етапа против Тотенхем. Тие клучни бодови, не оставија уште една сезона во очај.

На крајот, завршивме 3-ти иако теоретски требаше да стравуваме и за тоа од Тотенхем. На крајот беше вака: Челзи со 86 бода, Јунајтед со 85 бода, Арсенал со 75 бода и Тотенхем со 70 бода. Сити, Вила и Ливерпул се оние кои ќе играат во Лига Европа. Дрогба заврши на првото место на стрелци со 29 гола, Руни втор со 26 гола и Бент од Сандерленд со 24 гола. Се на се, уште една лоша сезона, за нас. Она кое можам да го заклучам е дека повредите и пред се неискуството се она кое ни пречеше. Венгер оваа сезона ќе има една година постари играчи, кои ќе ги надополни со уште некој трансфер. Шамак е веќе во Лондон, се чека потпис на дефанзивецот од Лориент и веројатно на еден голман, можеби Марк Шварцер. Џо Кол, може да биде уште трансферна сага, слична како онаа на Ешли Кол.

Она кое многумина ќе бидат изненадени за наредниот блог, знаејќи ме мене како подржувач на Венгер, каков и што ќе бидам доживотен. Но, на барање на неутралци и на наши фанови, еве го и тоа:

Нареден блог: (11.08.2010) „Дали Арсен Венгер заборави да освојува трофеи?“ „ Кога Венгер ќе го најде спојот од пред 5-6 генерации ? “ „Дали Венгер ќе успее од оваа генерација да направи нови „Непобедливи“ ?

Комплетна анализа на работата на Венгер, траснферите, тимот и навивачите.